Утрински Весник
Македонија

Почина двегодишното дете повредено во глава за време на новогодишната ноќ

Detska Klinika.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет.

Детето најпрвин било згрижено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите итно било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарските екипи констатирале масивно крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори.

И покрај интензивната медицинска грижа и постојаниот надзор, состојбата на детето била исклучително тешка и животозагрозувачка. Утрово, лекарите ја констатирале смртта.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ. Тој посочи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент и дека сите околности под кои настанал случајот сè уште се предмет на истрага.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе преземат соодветни мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на одговорност.

Можете да прочитате

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, со трактор излетал од патот

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот