Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Vreme.webp.webp

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Под влијание на циклонска активност од утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание