Утрински Весник
Македонија

Пожар на повеќе локации на Скопска Црна Гора

Aafae106 ba3f 4a3e 8b27 45306364b411.jpeg

Пожар избувна попладнево на планината Скопска Црна Гора, на повисоките делови над селата Арачиново и Страчинци. Според првичните информации, зафатена е сува трева, а огнот се проширил на повеќе локации.

„Денеска во попладневните часови, на Единствениот повикувачки број за итни повици 112 беше пријавен пожар на планината Скопска Црна Гора, при што се евидентирани активни жаришта на повеќе локации“, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен интервенираат екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои преземаат мерки за локализирање и гаснење на пожарот. Засега нема информации за повредени лица или зафатени објекти.

Можете да прочитате

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

Јаневска: За жал, резултатите на ПИСА 2025 се многу лоши, имавме подобри во 2001

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција