Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен

Vmro.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев?

Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика.

Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.

А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.

За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите.

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ИЈЗ со апел: Празнувајте паметно – внимавајте на храната, алкохолот и пиротехниката