
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, скопската Итна медицинска помош е подготвена да одговри на сите потреби од граѓаните.
Сепак, од таму апелираат бројот за итни случаи да не се злоупотребува, односно граѓаните да повикуваат Брза помош само тогаш кога мора веднаш да се дејствува.
„Линијата се кроисти само при акутни ситуации кои што носат загрозувачки сосотојби и кои настанале во моментот и што бараат акутно делување. Но, ние работи со сите, па и со хронично болните. За жал кај нас здравствената култура е на ниско ниво. Пациентите треба прво да се обратат кај своите матични доктори кои ќе ги дадат најдобрите совети и најдобро ја знаат ссотојбата на пациентите“ изјави за 24инфо д-р Маја Џарева од Итната медицинска помош.
Во однос на сообраќајните несреќи, Џарева истакна дека е многу битно да се даде прва помош од очевидците или неповредените учесници во несреќата а потоа да се обратат на 112 и да бидат присебни, да дадат точна локација со цел екипите на Итната помош да дојде што побрзо.



