Утрински Весник
Македонија

На ГП Блаце запленети над 40.000 парчиња петарди и огномети

1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.

Делото е откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија.

Нагласуваме дека употребата на нелегални пиротехнички средства претставуваат сериозна закана по безбедноста и здравјето на граѓаните, особено најмладите. Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност“ велат од Царинската управа на Македонија.

Можете да прочитате

ОЈО бара конфискација на имот и продолжување притвор на Крмзов за незаконски поврат на ДДВ од 22 милиони евра

Зајкова: Во новата година посакувам храброст, достоинство и правда за држава со вредности, а не само со процедури

Што најмногу се читаше на 24Инфо во 2025 година