Утрински Весник
Свет

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Iran zname.webp.webp

Иран упати остро предупредување откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе поддржи дополнителни израелски напади врз Техеран доколку биде одбиен нов нуклеарен договор.

„Исламската Република Иран решително ќе одговори на секоја агресија, а агресорот ќе се покае“, напиша иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на социјалната мрежа Икс.

Претходно, советникот на врховниот лидер Али Хамнеи, Али Шамкани, предупреди дека секој напад од САД или Израел ќе предизвика силен ирански одговор, нагласувајќи дека Иран не бара дозвола за своите ракетни капацитети и одбранбени мерки.

Изјавите следуваат по средбата меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида, на која американскиот претседател порача дека ќе поддржи нови напади доколку Иран продолжи со развојот на ракетната и нуклеарната програма. Според израелски извори, Техеран интензивно работи на обновување на својот ракетен арсенал, што Израел го смета за сериозна безбедносна закана.

Можете да прочитате

Иран: Сè уште не сме го употребиле „целото наше напредно оружје“

Хамнеи ќе биде погребан во светиот град Машхад

Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, вели Трамп