Утрински Весник
Свет

Несреќа со жичарница во Италија

Italija zname.jpg

Најмалку четири лица се повредени денеска во несреќа со жичарница во северозападна Италија, а околу 100 лица биле евакуирани со хеликоптер, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил кога две кабини се судриле со горната и долната станица на жичарницата во регионот Пиемонт, информира италијанската противпожарна служба, повикувајќи се на Ројтерс. Во несреќата биле повредени тројца патници кои се наоѓале во кабината, како и операторот на жичарницата кој бил на земја. По инцидентот, блиските скијачки патеки биле затворени.

Генералниот директор на операторот на жичарницата Макуданга, Филипо Безочи, за агенцијата АНСА изјави дека една од кабините не забавила како што било предвидено и удрила во заштитната ограда на станицата.

– За среќа, нема сериозно повредени и ничиј живот не е во опасност, изјави Безочи. По запирањето на жичарницата, околу 100 лица, меѓу кои и деца и странски туристи, останале извесно време заглавени на горната станица на планината Монте Моро, на надморска височина од околу 2.800 метри, по што биле безбедно евакуирани. Италијанската јавна телевизија РАИ објави дека жичарницата е изградена во 1962 година и дека била целосно реновирана пред две години, со инвестиција од околу два милиони евра.

Можете да прочитате

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран

Украина уништила руски танкер во близина на Малта