Утрински Весник
Македонија

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени

Dozd sneg.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утрото во државава е многу студено, со минимални температури кои во Берово се спуштија до -9 степени, а во Скопје-Петровец, Битола и Струмица до -8 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, -7 степени се измерени во Тетово, Прилеп, Велес, Штип и Демир Капија, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Кавадарци, -5 во Гевгелија, -4 во Охрид, -3 во Претор, Виница, 1 во Mаврови Анови и 2 во Попова Шапка и Kрушево.

Претпладне времето ќе биде сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Поради продор на постуден воздух од север кон крајот на денот и во текот на ноќта во северните и западните делови ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени

Можете да прочитате

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски објекти

МОН го објави конкурсот за наградата „Гоце Делчев“