Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега

Image 2025 12 29 213207470.png

Денеска (29.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.

Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Бомба пронајдена во Ваташа – 24info.mk

Миноски: Кризите на Блискиот Исток директно влијаат врз цените, инфлацијата и животниот стандард

Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион