
На 27 декември, пред Cevahir Mall Skopje, се одржа извонредна целодневна забава која привлече голем број посетители од сите генерации и го претвори просторот пред трговскиот центар во вистинска предновогодишна празнична сцена.
Настанот започна во 12 часот со програма наменета за најмладите, во која настапија Стела и Сани, како и DJ Тамми, кои со музика и анимација создадоа весела атмосфера. Во рамки на настанот беа поделени новогодишни пакетчиња за децата на членовите на ИПА, а најмладите имаа можност и да уживаат во лизгање на лизгалиштето во внатрешноста на молот.
Покрај тоа, за децата беа организирани бројни креативни и забавни работилници, кои во текот на целиот ден нудеа можност за игра, дружење и празнична забава.
Вечерната програма донесе вистински музички спектакл. Публиката најпрво уживаше во настапот на Дарко Гроздановски, а кулминацијата на вечерта беше резервирана за легендарниот македонски бенд НОКАУТ, кој со своите хитови создаде одлична атмосфера и заедничко пеење пред Cevahir Mall.
Дополнителна доза хумор и позитивна енергија внесе актерот и водител Сашко Коцев, кој со својот настап ги изнасмеа присутните и ја заокружи празничната атмосфера.
За големото финале, небото над Аеродром беше осветлено со спектакуларен огномет, кој го означи успешниот крај на настанот и остави силен впечаток кај посетителите.
Настанот беше организиран од Cevahir Mall, ИПА, Urban Fox и Општина Аеродром, кои со заеднички сили овозможија незаборавна предновогодишна забава и уште еднаш покажаа дека Аеродром знае да пулсира во празничен ритам.



