Утрински Весник
Свет

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план

Zelenski1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нацрт-рамката за мир за ставање крај на војната со Русија предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина за период од 15 години, но тој побарал од американскиот претседател Доналд Трамп гаранции за период до 50 години.

– Навистина, ова не е засекогаш … Го покренав ова прашање со претседателот (Трамп). Му кажав дека веќе сме во војна и дека тоа трае речиси 15 години. И затоа навистина би сакал гаранциите да бидат подолги, рече Зеленски во порака преку WhatsApp до новинарите.

Зеленски истакна дека предложениот период од 15 години не е доволен и додаде дека побарал разгледување на можност за гаранции од 30, 40 или 50 години, што, според него, би била историска одлука од страна на претседателот Трамп. Директна средба со Русија би била можнота откако Трамп и европските лидери ќе се согласат со предложените документи. Претседателот Трамп вчера одржа средба со Зеленски на неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида и рече дека е постигнат голем напредок околу 95 проценти од мировниот план е договорен и конфликтот со Русија би можел да заврши „за неколку недели“.

Според УНИАН, по средбата, Трамп изјави дека Украина ќе добие „силен“ безбедносен договор, а европските земји се активно вклучени во неговата имплементација. Зеленски оцени дека преговорите со американскиот претседател во Флорида донеле значајни успеси за Украина.

Можете да прочитате

Брижит Бардо ќе биде погребана во Сен Тропе

САД ѝ понудија на Украина безбедносни гаранции за 15 години

Од 1 јануари 2026 забрана за стари дизел и бензин возила во Брисел