Утрински Весник
Скопје

Доделени признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје 

Image 243630.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на градот за 2025 година. Со оваа свеченост се оддаде признание на исклучителните луѓе чија посветеност, храброст и човечност го прават Скопје поубаво и посигурно место за живеење.

За најдобар пожарникар за 2025 година е прогласен Игор Станишев, командир на одделение во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Признанието за најдобар полицаец за 2025 година му припадна на Кристијан Стефановски од ПС Карпош. За најдобар крводарител е прогласена Виолета Гиноска, предложена од Црвениот крст. 

,,Од срце им благодарам на овие херои.  Тие се доказ дека вистинските вредности живеат меѓу нас и дека секој чин на храброст, пожртвуваност и хуманост го прави Скопје посилно и похумано место за живеење. Нека нивниот пример биде поттик и инспирација за сите нас, да бидеме подобри луѓе и да градиме град заснован на солидарност, одговорност и меѓусебна почит.” – вели Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Скопје започнува со подготовките за „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“

Возило излета во реката Треска во близина на Матка

Тепачка во угостителски објект во Аеродром