
Пишува: Проф. Иван Анастасовски
Како за крај на секоја година, логично е да се сумираат резултатите како на личен така и на професионален план, и преку тоа да се извлечат одредни поуки за тоа што било позитивно (кое треба да се продолжи) а што е тоа што ни било негативно (и би требало да се подобрува). Ако тоа го правиме на личен план и на професонален како поедници, тогаш е неопходно тоа да го прават и политичките партии кои ја имаат таа можност, но и обврска да ги уредуваат нашите живот во оваа држава.
Јас во оваа писание кое е последно за 2025 година би сакал да направам една бриф споредба помеѓу двете политички партии од македонскиот блок кои се активни од самото осамостојување до денес, а при тоа да бидам коректен и прецизен, јас сум еден од поддржувачите на СДСМ особено поради нивните политики кон НАТО а посебно кон ЕУ.
Факт е тоа дека после долги години на политичка активност во Македонија со падови и успони како и што е логично за еден политички систем со внатершни поделби и раситнувања на партиското јадро, денес оваа СДСМ минува низ значителни внатрешни промени: каде е сменето целото раководство, поднесувани оставки, реорганизација на партиската организација.
Сето ова беше капак после резултатите од локалните избори каде СДСМ дојде на бројка од 125.000 гласови што претствуваше сериозен аларм кој мора да ја разбуди централата, при што срамежливо почнаа да ја отвраат дебатата за иднината на партијата. По однос на нивната внатрешна реорганизација, денес, во Македонија постојат јавни критики и притисок за дополнителни промени во лидерството, кои пред се доаѓаат од нивните видни и промовирани кадри кои веројано ги имале сите привилегии кои може да ги понуди една политичка партија на поединец и сега ги губат што наведува на фактот дека ќе пружаат отпор кој според мене е логичен (но не и оправдан).
По сето она што можеме да го видиме на социјалните, но и на традиционалните медиуми мислењата во јавност се поделени, има луѓе што гледаат позитивни работи кај СДСМ, исто како што има и оние неутрални гласачи кои упатуваат критики за нивното делување што ако се констртуктивни раководството би можело да ги земе во предвид.
Но, еве јас како поддржувач би сакал да ги спомнам најчесто спомнувани позитивни аспекти за делувањето на СДСМ, формулирани аполутно неутрално:
Прво: Евро-атлантска ориентација, СДСМ силно и недвосмислено се залага за ЕУ и НАТО, и така мора да остане, со оглед на тоа дека за време на нивното владеење земјата стана членка на НАТО.
Второ: СДСМ секогаш го нагласувал граѓанскиот концепт, партијата промовира еднаквост на граѓаните без разлика на етничка или верска припадност, затоа може да бидат поумерини со дебата за мигранти, оти мигрантите се сепак социјлана категорија, да не заборавиме едно општество за сите, можности без граници, слобода на патување и можност за егзистенција.
Трето: СДСМ секогаш е на страната на зголемување на минимална плата и социјални мерки, преку правење на напори за подобрување на стандардот на граѓаните преку зголемување на плати, пензии и социјална помош.
Четврто: СДСМ секогаш имала поголема отвореност кон медиуми и граѓански сектор, кога ќе се направи споредба со владеење на десницата, се смета дека имало помал притисок врз медиумите.
Но, она што мора да си го имаат во предвид како партија е дека, многумина помеѓу кои и јас лично, особено во времето на нивното последно владеење ги критикувавме за корупција, за лоши кадровски решенија, но и за неисполнети ветувања во однос на граѓаните, за што ја платија цената и тоа високо.
Да не делува оваа писание еднолично би сакал да направам одредена споредба со партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ и тоа во неколку сегменти:
Надворешна политика: СДСМ – силно проевропски орентиран, за сигурно членство во ЕУ и про-НАТО (членство во НАТО), додека ВМРО-ДПМНЕ како партија исто така формално за ЕУ, но покритички кон отстапки и договори, со недефиниран став за тоа како да го спроведе договорот за добрососедство со Бугарија.
Економија: СДСМ – повеќе социјални мерки т.е. повеќе за граѓаните (минимална плата, субвенции), додека ВМРО-ДПМНЕ со повеќе фокус на бизнис, поголеми даноци и нешто малку инвестиции.
Идентитет и национални прашања: СДСМ јасно во својот став за правење на компромиси за меѓународна интеграција, додека ВМРО-ДПМНЕ со поцврст став за идентитетот и историјата.
Медиуми и институции: СДСМ како партија секогаш била на страна на слободата на медиуми и во нивно владеење секогаш имало поголема медиумска слобода, додека ВМРО-ДПМНЕ беа сериозно критикувани во минатото за притисок кој го вршеа над медиумите и во нивно време се има затворено поголем број на медиуми како што беше А1 која доживеа сериозен притисок од страна на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Корупција: Овде и двете политички партии се често критикувани на тема корупција, и според мене ова е една од главните причини за недоверба која ја имаат кај граѓаните.
Да резимирам за 2025 година:
Ако некој повеќе вреднува ЕУ/НАТО (а тоа сум јас) и социјални политики секогаш се наклонува кон СДСМ, додека ако некој повеќе вреднува национални прашања почесто е наклонет кон ВМРО-ДПМНЕ.
За оние кои сме наколенти кон СДСМ и особено поради фактот дека оваа политичка партија има силна и јасна политика кон ЕУ и НАТО мора да ги охрабриме да опстојат како концет и во време на овие внатрепартиски превирања и при тоа да не се колабаат, што значи ако веќе се тргнати на патот на целосна реорганизација и промена на системот не би смееле да се откажуваат сега или најбенигна варијанта да се колабаат сега, туку напротив силно и решително да опстојаат на агендата за силни внатрепартиски промени без оглед на цената која сега во даден момент ќе ја платат, долгорочно ќе има силен позитивен ефект, оти ние како нација тешко го прифаќаме процесот на реформи, но откако ќе се случат сите се приклонуваат кон победникот.
На крајот би сакал на сите читатели да им посакам многу здравје, среќа и берикет за новогодишните и божиќните празници, да уживаат со своите најблиски и да им се радуваат. Наполнете ги батериите за 2026 година, оти ќе ни треба на сите, доаѓа бура.



