
Соопштение за јавност на СДСМ
Денеска беше објавена фотографија од претседателот Венко Филипче од аеродром. Покрај обидот за јавен линч, денеска практично признаа и дека вршат притисок преку следење.
Ова е многу добро познатата школа на Никола Груевски, кога сите безбедносни служби беа ставени во функција на следење на опозицијата.
Освен што следат, неодамна објавивме и дека се прислушуваат телефони. Повторно се враќаме во мракот. Повторно го живееме истиот период како до 2016 година. Истите методи: следење, измислување вести, лажни афери, и сето тоа со една цел – ДЕФОКУС.
Не сакаат луѓето да бидат информирани за „мигранти за пари”, за криминалот и корупцијата што ја спроведуваат пред очите на сите, туку пласираат вакви сензационалистички приказни.
Претседателот Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и скако не оди во Дубаи. Тој не е во можност, како Мицкоски и неговиот криминален клан, да го користи авионот на Владата за приватни потреби, ниту пак нарачува приватни авиони како нив.
Луксузирањето на Мицкоски е исто како она на Груевски. Граѓаните се сеќаваат на тоа што го правеше Груевски кога патуваше со министрите на ексклузивни летувалишта, носејќи очила од 60.000 евра. Тогаш со парите на граѓаните се закупуваа цели катови од хотели во најелитните туристички дестинации. Многумина се сеќаваат и на сè што слушавме за тоа како изгледале тие забави.
Дали мислите дека оваа нова, а всушност стара школа на Груевски се однесува поинаку? Не.
Мицкоски изнајмуваше приватен авион од Истанбул до Будимпешта што граѓаните ги чинеше 2,6 милиони денари, за него, министрите и бројните кабинети. Со себе во владиниот авион носат и сомнителни бизнисмени од арапските земји за кои допрва ќе се открива зошто.
Она што граѓаните сè уште не го знаат е дека Мицкоски се спрема да нарача нов авион за свои лични потреби, кој ќе се плати со пари на граѓаните.
Кога ќе ги погледнете вестите што ги објавува ВМРО, понекогаш човек ќе помисли дека станува збор за туристичка агенција. Толку многу се спомнуваат туристички дестинации како Дубаи, Венеција и, секако, прочуените визи. Сега, кога и приватниот авион е тука, ја имаат целата понуда.
Навистина човек да посака да ги повика и преку нив да резервира годишен одмор. Единствениот проблем е што тоа не е можно за граѓаните. Потребно е да земе некој 161 тендер и 5,3 милиони евра за да можете да си го дозволи тоа.
По сите овие прашања, не би нè изненадило ако уште утре одржат прес-конференција на оваа тема. Веројатно Венко Филипче ќе биде виновен што Венеција тоне, а секако повторно ќе се појави и онаа измислена зграда – ни помалку ни повеќе од 42 ката.
Можеби ќе кажат дека гради солитер и на плоштадот „Свети Марко” во Венеција. Кој знае? Ќе видиме наскоро до каде оди нивната фантазија.
За сите оние на кои сè уште не им е јасно: ова е дефокус, повторно, од актуелните теми денес.
По неуспешниот обид за дестабилизација на нашата партија, без одговор на презентацијата на АКТ за криминалот и корупцијата, по забраната на слободата на говор преку декрет налик на оние од времето на Третиот рајх и, секако, по договорот „мигранти за пари”, тие повторно фабрикуваат лажни вести.
Важно денеска не дадоа одговор за милионскиот тендер што го доделија на своите партнери од ЗНАМ.
Веројатно првата рата за предавството на Македонија.
Поради сето ова, ние заедно со граѓаните на Македонија ќе застанеме на патот на оваа криминална банда и ќе ја вратиме државата на европскиот пат.
Ќе ја вратиме власта во рацете на народот и нема да нè запрат.
Тие нека пишуваат глупости, а нашиот АКТ работи. Кога не сакаат да им дадат одговори на граѓаните, наскоро ќе ги дадат пред обвинителството



