Утрински Весник
Македонија

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

607949754 1171630641814128 4930406436118669715 n.jpg

Денеска (28.12.2025), полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода А.А.(51) од с.Кишава, битолско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ од југословенско производство, една рамка за пушката и 258 куршуми калибар 7.62х39мм. Исто така, пронајдени се и четири ловечки пушки, еден пиштол, 78 ловечки патрони калибар 12мм, 50 куршуми калибар 8х57мм и 72 куршуми калибар 9мм.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство

Претежно облачно со слаб локален дожд

Пола Скопје без стрија – 24info.mk