Утрински Весник
Македонија

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар

Policija 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев” во Скопје, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила – „цитроен”, „шевролет” и „пежо”, сите со скопски регистарскиознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки” со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков” со бул.„Гоце Делчев”  удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се зздобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница