Утрински Весник
Македонија

Младеновска: Нова бомба – Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

Akt renata m.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прес конференција на АКТ, Рената Младеновска – Извршен одбор СДСМ

Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! Повторно со тендери, милионски, криминални.

Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до нас од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк.

Граѓаните ни се приклучија, заедно ја водиме борбата против криминалот и корупцијата.

И како што кажавме, нема да престанеме!

Одиме по ред.

Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија.

Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена.

Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство.

Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација.

Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години.

Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана.

Како?

Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта”, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената.

Сомнително?

Само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски.  

Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот.

Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода.

Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ.

ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата.

АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните.

Нема да запреме! Борбата против криминалот и корупцијата продолжува!

Сите ќе одговарате.

Работата не е завршена!

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар