Утрински Весник
Свет

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд

Sovet za bezbednost.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советот за безбедност на ОН утре ќе свика итен состанок поради контроверзното признавање на Сомалиленд како независна држава од страна на Израел, јави ДПА.

Пред седницата, 21 претежно муслиманска земја доцна синоќа издадоа заедничка изјава, предупредувајќи на „сериозни последици“ од израелската одлука за „мирот и безбедноста на Рогот на Африка“ и во поширокиот регион на Црвеното Море.

Сомалиленд, регион со муслиманско мнозинство во северна Сомалија со население од неколку милиони, функционира де факто независно повеќе од три децении.

Израел во петокот стана првата земја во светот што ја призна независноста на отцепената територија, предизвикувајќи осуда од сомалиската Влада и регионалните партнери.

Одлуката дојде само неколку дена пред Сомалија да го преземе ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, пренесува германската агенција .

Заедничката изјава, објавена од Катар, го наведе „недвосмисленото отфрлање“ на израелскиот потег од страна на 21 земја, предупредувајќи дека тој „претставува сериозно кршење на принципите на меѓународното право“.

Во соопштението се осудуваат и „обидите за насилно протерување на палестинскиот народ од нивната земја“, по извештаите дека признавањето е поврзано со напорите за преселување на Палестинците од Газа.

Шефот на дипломатијата на Сомалиленд, Абдирахман Дахир Адам, вчера за израелскиот радиодифузер Канал 12 изјави дека потегот нема никаква врска со конфликтот во Газа, потсетува ДПА.

Според канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, признавањето е направено „во духот на Авраамовите договори“, според кои неколку арапски земји формално ја признаа израелската независност.

Весникот „Тајмс оф Израел“ истакна дека Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко – кои се приклучија на Авраамовите договори – не се меѓу потписниците на заедничката изјава за признавање на Сомалиленд.

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура