Утрински Весник
Свет

Три жени беа избодени во париското метро

Policija Police Pixa.jpg

Три жени беа избодени во париското метро. Нападите се случиле на линија 3 од париското метро околу 16:00 часот на станиците Артс-ет-Метие, Републик и Опера.

Жените претрпеле само полесни повреди, две од нив на грбот и бутовите, според полициски извор.

„Младата жена била повредена во бутот. Имало многу крв, тоа била прилично длабока рана“, изјавил сведок на нападот.

Осомничениот избегал, но потоа бил уапсен во својот дом во Сарсел. Напаѓачот малиско потекло и е роден во 2000 година, според полициски извор.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа