Утрински Весник
Скопје

Сериозен случај на семејно насилство во Карпош: Маж нападнал сопруга и мајка

Semejno nasilstvo napad.png

Јавноста во скопската општина Карпош беше вознемирена поради сериозен инцидент на семејно насилство. Триесет и деветгодишен маж е пријавен во полиција откако физички ги нападнал двете жени со кои живеел сопругата и мајката.

Според информациите, насилникот К.С. (39) во семејниот дом прво ја нападнал својата 36-годишна сопруга, а потоа не поштедил ниту својата 60-годишна мајка. Веднаш по пријавата, полицијата интервенирала. Во 12:15 часот, мажот бил повикан во Полициската станица Кисела Вода на службен разговор. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје

Дел од Центар утре без струја

Попладнево најтопло во Скопје, измерени 27 степени!