Утрински Весник
Скопје

Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК спроведено по протокол

Ginekologija Gak.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство по случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство, утврдила дека реанимациската постапка била спроведена согласно утврдените медицински протоколи. Ова попладнево го соопштија од Министерството за здравство.

– Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и инфламаторен процес во рамки на инфекција, со наод на спонтан, парцијален пнеумоторакс, радиолошки верифициран во првите часови по раѓањето, соопшти ресорното Министерство.

Од таму појаснуваат дека поради сериозноста на здравствената состојба и високите ризици, новороденчето било приклучено на механичка вентилација четири часа по раѓањето, а веднаш била започната и антибиотска терапија поради констатираната конатална инфекција.

– Во текот на лекувањето е индицирана промена на антибиотската терапија со оглед на лабораториските наоди во прилог на септична состојба. Поради влошување на состојбата било индицирано реинтубирање од дежурен лекар поради појава на масивен десностран пнеумоторакс, итно е поставен торакален дрен и уредно е спроведена реанимациска постапка по протокол, наведуваат од Министерството.

Можете да прочитате

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”

Сериозен случај на семејно насилство во Карпош: Маж нападнал сопруга и мајка

Утре без вода дел од општина Бутел