Утрински Весник
Спорт

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

20251225154214 big 730x400 24.webp.webp

Новоименуваниот селектор на македонската фудбалска репрезентација добива честитки, пред сè од поранешни соиграчи и имиња кои оставиле белег во европскиот и светски фудбал.

Во објавата на Фејсбук страната на фудбалската на репрезентацијата на Македонија, Седлоски вели:

– За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат „со среќа Македонијо. Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета.

Фудбалската репрезентација полуфинале баражот ќе го игра во март следната година против Данска, а постои можност репрезентацијата да одигра и еден пријателски натпревар претходно против репрезентација која има веќе изборено пласман на Светското првенство.

Можете да прочитате

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија