Утрински Весник
Македонија

Цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет ќе бидат зголемени

20251225143441 big 730x400 81.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По повеќе од 10-годишно одложување се одлучивме да ги зголемиме цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Специјалистичкиот преглед, според ценовникот на Фондот, појасни тој, досега беше 380 денари и е децениска цена.

– Сега зголемувањето е на 720 денари. Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу милијарда денари на годишно ниво, 80 отсто во јавниот и 20 отсто во приватниот сектор, бидејќи имаме јавен и приватен специјалистички сектор. Интернистичкиот пакет е со помал ефект, ќе биде плус околу 340 милиони денари. Ќе има симболично зголемување на партиципацијата. За услуга која сега се наплаќа 40 денари ќе биде 60 денари – додаде Клековски.

Можете да прочитате

Советничката група на СДСМ го поддржа протестот против цементарницата Усје

Граѓаните бараат референдум и дислокација на Усје

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх