Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите

Znm 3.jpg

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати допис до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин се таргетира новинар.

ЗНМ изрази сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во демократско општество, ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија. Особено е проблематично кога овие објави доаѓаат од партии со значајно влијание во јавниот простор, бидејќи можат да поттикнат онлајн напади, говор на омраза и небезбедна средина за новинарите.

Во дописот, потсетуваме дека евентуални забелешки за работата на новинарите треба да се изразуваат преку постојните механизми за саморегулација, како што се Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ, а не преку јавни дискредитации. Дополнително, до СДСМ беше посочено и на обврската, согласно сопствениот статут, за целосно почитување на човековото достоинство, права и слободи.

ЗНМ апелира до политичките партии своите битки и политички препукувања да си ги водат меѓусебно, а не на грбот на новинарите. Исто така, бараме да се покаже одговорност во јавната комуникација, да се воздржат од навреди и омаловажување и да го почитуваат интегритетот на новинарите и медиумските работници, како предуслов за слободен, плуралистички и демократски јавен простор.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ

Среде месец мај ни се враќа зимата?