Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН под притисок од базата – Се бара смена на Фатмир Лимани?!

Img 6787 1024x683 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По резултатите од локалните избори во Кичево, каде што Фатмир Лимани, како кандидат на коалицијата ВЛЕН, оствари слаб изборен резултат, во партиските структури се појавиле сериозни незадоволства, дознава 4news.mk.

Според извори од огранокот на ВЛЕН во Кичево, членството и локалните структури побарале Фатмир Лимани да биде отстранет од партијата, но и од министерската функција, поради, како што велат, неговото игнорирање на партиските органи и гласачкото тело на ВЛЕН. Незадоволството дополнително се зголемило поради перцепцијата дека актуелниот министер за социјална политика не ја одржува комуникацијата со базата и не ги застапува ставовите и интересите на коалицијата.

Извори внатре во коалицијата информираат дека под притисок на партиските структури, лидерството на ВЛЕН донело одлука за исклучување на Фатмир Лимани од партијата. Во ВЛЕН, како што тврдат изворите, преовладува ставот дека Лимани во моментов дејствува како министер на ВМРО-ДПМНЕ, а не како претставник на коалицијата што го предложила.

За ваквите случувања, според истите извори, веќе бил информиран и премиерот Христијан Мицкоски, и тоа на последните средби со раководството на ВЛЕН.

Незадоволствата кон министерот Лимани, како што се наведува, не се од вчера и постојат подолг период, бидејќи тој, според партиските структури, не ги спроведува одлуките на коалицијата, туку настапува и делува индивидуално.

Во наредниот период се очекува да стане појасно дали Фатмир Лимани ќе биде разрешен од министерската функција или, пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да го задржи како свој функционер, и покрај реакциите и барањата од коалицијата ВЛЕН.

Можете да прочитате

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе

Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог” затоа што ја критикуваат власта?