Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ обвини дека во СДСМ има србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата за пари

Sasa bogdanovic izjava1 scaled 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екс градоначалникот на Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ јавно преку објава на социјалните мрежи реагираше на последните комуникации од опозициската партија.

„Последниве прес конференции на СДСМ се како да ги пишува и спрема некој задоеник со усташка НДХ идеологија, наследник на врховистичка балистичка идеја таргетирајќи еден народ и една земја која секогаш имала братски пристап према Македонија. Се напаѓа политика на независна држава, Претседател на држава избран од народот, српски компании кои доаѓаат и работат во Македонија. Ваквите напади и конструкции се продолжеток на делувањето на идеали кои не биле препознатливи за партија која негувала антифашистичка идеологија. Како припадници на српската заедница секогаш сме давале придонес за развој во разни полиња во државата и така ќе биде и во иднина но, очигледно на некоја група во СДСМ која најверојатно треба да се докаже на некој србофоб и србомрзец свесно од рани утрински часови па до доцна навечер во скоро секоја втора или трета објава споменува српски, Србија, срби итн. Мислам дека треба во иднина преку правни механизми да се избориме против дискриминацијата и србофобијата која очигледно владее кај одредени луѓе во СДСМ“ напиша Богдановиќ.

На ваквите обвинувања, експресно преку соопштение за јавност возвратија од СДСМ.

Оттаму, го нарекоа Богадновиќ кординатор на СНС (Српска напредна странка) во Македонија додавајќи дека Богдановиќ прво ја предал партијата а потоа и државата за пари.

„Поранешен член на СДСМ кој најпрво ја предаде партијата за пари, а потоа и Македонија за пари, сега си зема за право некого да таргетира и да го нарекува Усташ. Човек кој припаѓа на коалицијата ВМРО Ванчовистичка – ЗНАМ, луѓе кои во Собранието ја изгласаа Резолуцијата за забрана на говорот по урнекот на Декретот од Третиот Рајх. Кога веќе ги спомнува усташите, нека прочита малку и кој соработувал со НДХ“ се наведува во реакцијата.

Од СДСМ додаваат и дека ги сакале Србите, но не и предавниците и криминалците.

„Саша Богдановиќ мора да сфати дека Српската напредна странка не е Србија, ниту пак Вучиќ е единствениот Србин. Србија се нејзините граѓани, а не банда криминалци со кои тој и ВМРО Ванчовистичка соработуваат.

За крај, ние ги сакаме Србите, како што ги сакаме и сите наши други сограѓани — тоа им е јасно на сите. Но, не можеме да ги сакаме криминалците и предавниците на сопствениот народ. За нив знаеме каде им е местото! Сите ќе одговарате“ стои во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Кокаин, марихуана и оружје одземени кај тројца прилепчани

Тело на исчезнато лице пронајдено во Вардар

Семејствата настрадани во Пулс ja бараат вистина – Дали смртта е предизвикана од цијанид?