Утрински Весник
Свет

Белгија се соочува со епидемија на грип

Grip16d Original.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белгија се соочува и со епидемија на грип. Бројот на заболени засега е на ниско ниво и во моментов притисокот врз здравствениот систем е под контрола.

Вирологот Марк Ван Ранст оцени дека ваквата состојба не изненадува и донекаде била и очекувана.

– Соседните земји веќе се во режим на епидемија, а сега и ние го преминавме прагот. Ова значи дека бројот на инфекции ќе продолжи да расте во наредните недели, изјави Ван Ранст за белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ.

Според него, треба да се почека и да се види и што ќе донесат божиќните и новогодишните празници.

– Луѓето се гледаат почесто во овој период и сите се заедно во затворен простор. Тоа е идеално за пренос на вирусот. Затоа, осигурајте се дека имате соодветна вентилација и не ги заразувајте другите ако сте и самите болни, порача Ван Ранст.

Тој посочува дека грипот секогаш треба да се сфаќа сериозно, бидејќи не тоа е сериозно заболување и не постои нешто такво како „слаб грип“.

– Во соседните земји, во Велика Британија и во Шпанија гледаме попатоген сој на грип, особено кај постарите лица. Тој може да предизвика малку потешка болест. Ова е сој кој е променет во однос оној од кој штитат овосезонските вакцини, но тоа не значи дека вакцинацијата не останува препорачлива, додаде Ван Ранст.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат