Утрински Весник
Македонија

За 10 години се сменија 9 министри за здравство, проблемот со паркирањето во Клинички останува

B80dbb014 crop 820x0x100.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секојдневен хаос владее на паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Просторот е премал за илјадниците пациенти и вработени кои секојдневно пристапуваат до клиниките. Нервозите започнуваат уште на улицата, каде се формираат редици возила кои чекаат да влезат, а внатре е тешко да се најде слободно паркинг место. Откако пациентите ја добијат медицинската услуга, повторно се принудени да чекаат редови за плаќање на билетите, а потоа да се снаоѓаат за излегување од паркингот пишува мета.мк.

Паркирањето во овој дел од Скопје е хроничен проблем кој останал нерешен низ годините. Во последните 10 години, се сменија девет министри за здравство: Имер Селмани, Бујар Османи, Никола Тодоров, Арбен Таравари (два мандати), Венко Филипче, Беким Сали, Фатмир Меџити, Илир Демири и актуелниот Азир Алиу. Сите тие ветуваа решавање на хаосот со паркирањето, но проблемот остана.

Актуелниот министер за здравство, Азир Алиу, најави значајни мерки на својот профил на Фејсбук: „На седница на Влада беше донесена одлука за продолжување на постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Земјиштето на паркинг просторот ќе се запише во сопственост на Република Северна Македонија, со што се отстранува административната пречка за потпишување на договор со ЈП ‘Градски паркинг – Скопје’. Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред. Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта е пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“.

И покрај ветувањата на актуелните и поранешните министри, решавањето на проблемот со паркирањето сè уште е на чекање. Екс-министерот Фатмир Меџити, кога стапи на функцијата, истакна дека прво ќе се фати за хаосот со паркирањето, но тоа не се реализираше.

Во март годинава, за време на мандатот на Арбен Таравари, медиумите објавија дека единствена фирма која се пријавила на распишаниот повик за стопанисување со паркингот била албанската „Ѓока констракшн“. Фирмата требаше да изгради катни гаражи за период од шест месеци до една година, но планот не помина на Влада, па проектот не се реализираше.

Паркирањето во Клиничкиот центар останува еден од најголемите проблеми за пациентите и вработените, а со најавените мерки министерството се обврзува да воспостави ред и функционален систем.

Извор: мета.мк

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции