Утрински Весник
Македонија

Викендов од североисток нагло ќе продре многу ладен воздух

Meteo radar neverin 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендов (27  и 28 декември) од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија.

Во Скопје  и околината исто така викендов ќе биде многу ладно и во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег а ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено во делови од котлината ќе достигнуба врзина од над 60/70 км/час.

Наутро температурите овој викенд ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени. Уште поладно утро ќе имам во понеделник (29 декември) кога температурите тоа утро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени а на повисоките населени места  и на планините тие ќе се спуштаат  и под -10 степени.

Се на се ни доаѓа многу ладно време па така топлата облека нека ви биде подготвена.

Можете да прочитате

Над 70 отсто од жалбите до Агенцијата за слободен пристап до информации се поради молк на администрацијата

Петровска: Мисајловски излезе од периметарот на САД – Македонија останува без дел од воената помош

Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево