Утрински Весник
Македонија

Измамен 67-годишник од тетовско за сума од 3000 евра

Policija 960x625 0 0 1.jpg

На 22.12.2025 во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи.

Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите во „Пулс“

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче