Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството.

Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.

Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.

Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која  бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. 

Дали сега на сите им е јасно што се случува?

Исто како во времето на Груевски.

Нема да ви помине! 

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена!

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар