Утрински Весник
Македонија

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Img 3749.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информираат надлежните институции.

Средствата се наменети за поддршка на сточарското производство и претставуваат дел од континуираните мерки за унапредување на земјоделскиот сектор и обезбедување поголема финансиска стабилност за земјоделците.

Во однос на корисниците на кои сè уште не им се исплатени субвенциите за 2023 година, од институциите информираат дека е потребно тие да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и поединечно разгледување на секој случај.

Од Агенцијата апелираат земјоделците навремено да доставуваат целосна документација, со што ќе се забрза процесот на обработка и исплата на средствата.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство