Утрински Весник
Балкан

Голем национален протест пред владата во Тирана, фрлани молотови коктели, повреден полицаец

20251222211945 big 730x400 58.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во организација на Демократската партија, вечерва пред владата во Тирана одржан беше првиот, од серијата национални протести, се до, како што беше порачано ” уривање на нарко владата на Еди Рама”.

Пред присутните се обратија претставници на политички партии чија заедничка порака беше дека „вечерва е означен почетокот на историската мисија, за ослободување на Албанија и Албанците со падот на владата на Рама, формирање техничка влада и спроведување слободни избори”.

Обраќање имаше и лидерот на ДП, Сали Бериша, кој беше поздравен со овации “О Сали и хероју”. Во текот на неговиот говор учесниците во протестот почнаа на фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон владиниот објект, поради што мораше да интервенира и противпожарно возило.

Имаа неуспешен обид да го пробијат полицискиот кордон, но откорнаа дел од металната ограда пред кордонот. Засега има информација дека е повреден  еден полицаец.

Во говорот преполн со обвинувања до Рама и членови на владата за корупција и вмешаност во трговија со дрога, Бериша ги повика граѓаните масовно да се приклучат кон оваа “битка за доброто на Албанија и Албанците”.

Оцени дека оваа мисија е животна шанса за секој граѓанин на Албанија и додаде дека “мора да го собориме режимот исто како во Бангладеш,  Непал, Шри Ланка”.

-Ве повикувам сите граѓани да се приклучите кон оваа битка. Не очекува голема мисија која е шанса за цел живот за секој граѓанин на оваа земја. Шанса да ги собориме, исто како во Бангладеш, Непал, Шри Ланка, автократските диктатори, кои откако ќе ги ограбат своите нации, бегаат како непријатели во други земји. Рама и Социјалистичката партија се политички мртовци, на кои погребот ќе им го направиме ние. Сите заедно ќе ги спасите од пропаст и Албанија и Албанците, рече меѓу другото Бериша.

Протестот се одржа под силно полициско обезбедување, за што беа ангажирани околу 1500 полициски службеници од неколку сектори.

На влезот на владината зграда беа поставени метални заштитни мрежи а превентивно беше дислоцирана и новогодишната елка и вазните со цвеќе од пред објектот.

Можете да прочитате

Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство

Навреди и тепачка во турскиот Парламент на расправата за буџетот

Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија