Утрински Весник
Свет

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра

Grip16d Original.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Трошоците за боледување стануваат сè поголем товар за германската економија. Минатата година, производствените загуби и исплатите на плати на вработените за боледување ги чинеле компаниите повеќе од 200 милијарди евра, соопшти германската Влада.

Секој вработен во просек бил отсутен од работа 20,8 дена, што е речиси четири дена повеќе од 2020 година. Вкупно се забележани 881,5 милиони денови боледување, а секој изгубен работен ден чинел просечно 152 евра.

Најчести причини за боледување биле проблеми со мускулно-скелетниот систем, заболувања на респираторните органи и психички нарушувања. Производствените загуби достигнале 134 милијарди евра, а трошоците за надоместок на плати изнесувале 72,3 милијарди евра, што е за 26 отсто повеќе отколку пред пет години.

Според анализата на здравственото осигурување „АОК“, најголема сума за боледувања земале вработените во здравството, социјалните служби, металната индустрија, јавната администрација како и во трговијата, а најниски во финансискиот сектор и угостителството.

Според Штефан Гент, директор на Германската федерација на трговци на мало, високата стапка на боледувања создава дополнителен товар за компаниите и ја намалува нивната конкурентност. Гент, како еден од проблемите го наведе добивањето потврди за боледување по телефон и предложи да се укине ваквиот начин на работа. 

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција