Утрински Весник
Магазин

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви

Image 2025 12 22 194214885 e1766428976553.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сите кои ќе сакаат да го посетат Рим, а истовремено и да уживаат во глетката на фонтаната Ди Треви од февруари ќе мора да плаќаат две евра. Одлуката, која ја соопшти градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, се очекува на градот да му донесе околу 6,5 милиони евра годишно. Гвалтиери посочи дека пренатрупаноста и зачестените кражби биле една од главните причини за воведување контролиран пристап.

Фонтаната Ди треви е една од најпосетуваните туристички атракции во Рим. Дневно ја посетуваат околу 30.000 луѓе, а бесплатно ќе можат да ја разгледуваат само жителите на италијанската престолнина. Сите останати кои ќе сакаат да заштедат две евра ќе мора тоа да го прават од далечина.

И покрај ваквата промена од страна на властите, обичајот на фрлање паричка во фонтаната, поврзан со верувањето за исполнување желби, останува непроменет, а собраните пари потоа се донираат на хуманитарната организација Каритас. 

Со цел да го заштитат културното наследство слични мерки воведуваат и дел од другите градови во Италија. Во 2023 година беше воведена наплата за влез во Пантеонот, додека Венеција минатата година почна да наплаќа туристичка такса за влез во централното градско подрачје за време на периодите со најголема посетеност.

Можете да прочитате

Михи – првата вселенска патничка во ортопедска количка

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола 

Како правилно да го мерите крвниот притисок и зошто е важно