Утрински Весник
Балкан

Цената на електричната енергија во Албанија останува непроменета за 2026 година

Struja.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Регулаторната завод за енергетика (ЕРЕ) на Албанија, одлучи малопродажните цени на електричната енергија за крајните потрошувачи, снабдувани од давателот на универзална услуга да останат во сила до 31 декември 2026 година.

-Одлуката е донесена на состанокот на Управниот одбор на ЕРЕ, по евалуација на финансиските и економските индикатори на снабдувачот, од кои произлегува дека важечките цени ги покриваат трошоците за дејноста и гарантираат нормално функционирање на услугата за 2026 година, објавија медиумите.

За домаќинствата кои трошат до 700 киловат часови месечно, цената е 8,4 лека по кв/ч, додека за домаќинствата кои трошат повеќе од 700 кв/ч месечно, цената е 9,5 лека по кв/ч.

ЕРЕ, исто така, ја продолжи до крајот на 2026 година важноста на цената на електричната енергија за полнење на електрични возила на бензински станици со инсталирана моќност над 11 киловати поврзани на напонско ниво од 0,4 киловати.

Цената во станиците поврзани на напонско ниво од 0,4 киловати изнесува 22 лека, додека во шпиц часовите е 25,3 лека.  

Можете да прочитате

Голем национален протест пред владата во Тирана, фрлани молотови коктели, повреден полицаец

Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство

Навреди и тепачка во турскиот Парламент на расправата за буџетот