Утрински Весник
Македонија

Амандманска расправа за предлог законот за Судскиот совет

20251222163644 big 730x400 38.webp.webp

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, во второ читање, расправаше за предлог законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.

До членовите на собраниската комисија и Министерството за правда претставувано од заменик министерот Ален Деребан, беа предложени повеќе амандмани, меѓу кои и амандманот за начинот на избор на членови на Судскиот совет.

Новото законско решение е во функција на реформите во правосудството и се менува согласно релевантни меѓународни анализи, како и препораки на домашната експертска јавност и граѓански сектор. Со новото законско решение се очекува да се подобри транспарентноста во изборот и разрешување на судии, да се обезбедат јасни критериуми за избор и оценување на судиите, и да се создадат ефикасни механизми за утврдување на одговорност на членовите на Судскиот совет.

По завршувањето на амандманската расправа, претседалот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Љупчо Пренџов истакна дека предлогот на законот за Судскиот совет го проследува на понатамошна постапка во македонското Собрание и за известител на седницата, комисијата ја определи пратеничката Ели Панова.

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар