Утрински Весник
Економија

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската ИПАРД 3 програма, поради корупцијата на ДПМНЕ. Десет дена власта молчи за оваа одлука. 

Причина: злоупотребите на европските пари од страна на власта, за кои директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од редовите на ДПМНЕ беше уапсен.

Но, случајот мора целосно да се расчисти и сите инволвирани да одговараат, особено лицата блиски до Мицкоски. И Мицкоски треба да одговара за ваков скандал.

Дали се сеќававте кога изби скандалот како ДПМНЕ и кујните за лаги го обвинуваа претседателот Филипче за ова, како објавуваа лаги за Заев кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски?

Дали сега на сите им е јасна улогата на фабриката за лаги на ДПМНЕ? 

Токму она што говори СДСМ и постојано го разоткирва: дека нападите кон опозицијата, кон СДСМ, претседателот Филипче служат за дефокусирање од темите, како оваа дека ДПМНЕ се фатени во корупцијата и криминал со ИПАРД.

И токму поради корупцијата на ДПМНЕ сега е зададен  силен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисмените кои планирале или веќе реализираат инвестиции, сега ќе останат и без пари и без инвестиции, поради корупцијата на ДПМНЕ.

Скандалот со ИПАРД 3 програмата, вредна 130 милиони евра, не е изолиран случај, туку дел од поширокиот криминален модел на ДПМНЕ.  

Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори. Корупцијата на ДПМНЕ метастазираше во секоја пора од општеството. 

На ДПМНЕ им се важни нивните тендери: 161 тендер за 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за една фирма со двајца вработени. Нив воопшто не ги интересираат земјоделците туку крминалните тендери.

СДСМ бара брза, темелна и транспаретна истрага, сите инволвирани во овој огромен корупциски стандард мора да одговараат.

Можете да прочитате

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година

Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители

МЕРМС го одбележа Денот на рударите: Почит кон трудот денес, визија за модерно рударство утре