Утрински Весник
Свет

130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја

Struja 2.webp.webp

Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.

Беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.

Се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.

Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е. 

Можете да прочитате

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Боложан

Тројца загинати во пад на мал авион врз зграда во Бразил

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран