Утрински Весник
Македонија

Беќаровски со совети како да се намали штетното влијание од загадениот воздух

Whatsapp Image 2024 12 19 At 08.57.03.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

magla zagadenost vozduh soobrakaj

Во периоди кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се исклучително високи, а загадениот воздух претставува сериозна закана за здравјето, лекарот Нико Беќаровски преку објава на социјалните мрежи сподели практични совети за ублажување на нивното негативно, потенцијално канцерогено дејство врз организмот.

Како што посочува Беќаровски, изложеноста на штетните честички не може целосно да се избегне, но нивното влијание може да се намали со воведување на одредени секојдневни навики кои го поддржуваат организмот. Тој предлага денот да започне со чај од диво оригано, во комбинација со додатокот G-132+ Natural.

Пред ручек, според неговите препораки, корисно е да се консумира зелен чај со витамин Д во доза од 1.000 И.Е., додека навечер советува чај од ѓумбир и куркума или бел слез, повторно во комбинација со G-132+ Natural. Дополнително, тој нагласува дека во текот на денот е важно да се внесуваат најмалку два литра млака вода со лимон, а кај лицата без висок крвен притисок може да се додаде уште една шолја зелен чај.

„Ако не може да се спречи, барем благовремено да се лечи“, порачува Беќаровски, потенцирајќи дека грижата за здравјето е особено важна во денови со екстремно аерозагадување, кога последиците од вдишувањето на штетните честички може да имаат долгорочно влијание.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот

УХМР: Од среда расчистување на маглата