Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Каде е милјардата што ја ветуваше Мицкоски за чист воздух? 

Sdsm.webp.webp

ДПМНЕ не може да побегне од фактот дека скопјани се гушат во загаден воздух а владата не презема ништо за тоа.

Пари има за криминални тендери ама нема да мерки и политики за борба против загадувањето.

Каде е милјардата што ја ветуваше Мицкоски за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50%?

Не само што нема ништо од тоа, во Буџетот 2025 ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух за 51%, а парите за заштита на животната средина беа намалени за цели 25%.

Ама затоа ги зголеми процентите од тендерите, 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга фирма со само двајца вработени.

Нема бегање од вистината.

Што се однесува до мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто патем е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, исто така фактите покажуваат дека во тие години започна тренд на постепено намалување на загадувањето.

Со Планот се направи промена на нееколошкиот начин на загревање на градинките, училиштата, јавните објекти и се презедоа сет на повеќе мерки кои почнаа да даваат резултат.

Така, на годишно ниво почна да има намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg како и намалување на честичките МП 10 за – 735kg годишно.

Сите мерни станици тоа го покажаа. (докази во прилог)

ДПМНЕ требаше да продолжи и да ги засили мерките, за постепеното намалување на концентрациите на штетни честички во воздухот да продолжи. 

Но тие избраа криминални тендери наместо здравјето на луѓето. Затоа скопјани денеска се гушат.

СДСМ Центар за комуникации

Можете да прочитате

Кучиња скитници нападнале 2-годишно дете, со тешки повреди пренесено од Битола во Скопје

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат