Утрински Весник
Свет

Израелските сили убија двајца Палестинци на Западниот Брег

Gaza.webp.webp

Двајца Палестинци беа убиени за време на воените операции на израелската армија во северниот дел на Западниот Брег, соопшти израелската армија.

Во областа Кабатија, еден маж фрлил камен кон војниците, кои „возвратиле на огнот и го елиминирале терористот“, соопшти армијата. Палестинското Министерство за здравство во Рамалах објави дека починатиот имал 16 години.

Во посебна операција во областа Силат ал-Харитија, еден Палестинец фрлил експлозивна направа кон израелските војници, кои возвратиле на оган и „го елиминирале терористот“. Палестинското Министерство за здравство објави дека починал 22-годишен маж.

Насилството на Западниот Брег значително се зголеми од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. Израелската армија редовно спроведува големи операции во областа против наводни палестински милитанти.

Според палестинското Министерство за здравство, 1.030 Палестинци се убиени на Западниот Брег во последните две години, вклучувајќи 235 оваа година.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма