Утрински Весник
Македонија

Почина Драган Б. Костиќ – 24info.mk

600207033 10236500085536746 7371093418445729850 n.jpg

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, еден од најпрепознатливите радио-гласови во Македонија. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Бане Костиќ, откако претходно беше објавено дека Костиќ ја води животната битка со болеста.

„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо. Последна почит ќе се одржи утре, 21 декември, од 12:30 до 13:30 часот во капелата на гробиштата Бутел“, напиша Бане Костиќ на Фејсбук, изразувајќи благодарност до медицинскиот тим на Државната неврохируршка клиника во Скопје. Драган Б. Костиќ е роден на 10 јуни 1950 година во Скопје. Кариерата ја започна во Македонското радио, каде остави длабока трага како автор и водител на култните емисии „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“.

„Диско селектор“, кој започна да се емитува во 1974 година, стана музички симбол за повеќе генерации. Костиќ беше познат и како страстен колекционер на музика, со колекција од над еден милион аудио записи, една од најголемите во регионот.

Можете да прочитате

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите

Кој ги кочи предметите? Тасева и Салаи со сериозни обвинувања