Утрински Весник
Скопје

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Image 2025 12 19 163408159.png

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини. Акцијата се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

Во објавата на социјалните мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски стои:

– Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!

Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. 

Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани. Акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје!

Ова е процес во кој сите сме партнери.  Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.

Заедно градиме град каков што заслужуваме.

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел