Утрински Весник
Свет

ЕУ ги укинува санкциите за Косово

Flag Of Kosovo.svg .png

ЕУ ќе ги укине санкциите наметнати на Косово во 2023 година поради тензиите на северот на земјата и ќе ја одблокира финансиската помош, потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Добри вести за Косово“, објави Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс.

„Планираме 216 милиони евра (околу 227 милиони долари) финансиска помош и имаме намера да ослободиме дополнителни 205 милиони евра (околу 216 милиони долари) на почетокот на следната година“.

Одлуката за укинување на мерките доаѓа откако градоначалници од српска националност ја презедоа должноста по локалните избори одржани во октомври.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички