Утрински Весник
Свет

Екстремно студен бран се подготвува да ја зафати Европа

Sneg Sad 2.jpg

Екстремно студен бран се подготвува да ја зафати Европа веднаш по Божиќ. Според светските метеоролошки сервиси, арктичка воздушна маса ќе донесе пет дена снег во Велика Британија, по што ледениот фронт ќе се прошири низ централна Европа, стигнувајќи до Хрватска и Србија.

Метеоролозите предупредуваат на „сибиски студ“ кој ќе донесе ледени денови и температури до -10 степени. Студениот воздух од Русија ќе почне да се спушта кон Балканот по 22 декември, менувајќи ја синоптичката карта на целиот континент.

„Ова би можело да биде промената која ќе го обележи поголемиот дел од зимата. По 26 декември постои сериозна можност за снег и вистински зимски температури и во низините“, најавуваат метеоролозите.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик