Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски повторно избран за претседател на ЗЕЛС

Orce gjorgjievski 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во наредните четири години ќе ја предводи Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како претседател. За негови потпретседатели се избрани градоначалниците на општините Центар и Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити. Одлуката е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. За претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС е избран градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.

– Од страна на колегите градоначалници ми е дадена едногласна поддршка и доверба да продолжам да го водам ЗЕЛС како претседател во наредниот период. Се надевам дека ќе имаме многу прашања и состојби кои заеднички ќе ги надминеме. Во минатото имавме одредени потешкотии со кои се справувавме, имавме одредени кризи кои заеднички ги решававме. Ќе продолжиме да функционираме заеднички и обединето без да дозволиме политиката да се меша во овие процеси и во нашето дејствување, со цел подобрување на состојбите на општините, поголема децентрализација, особено фискална децентрализација на општините, изјави Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека на средбата со колегите градоначалници разговарале и за воведување комунална полиција, при што останува заложбата општините да добијат комунална полиција во 2026 година. Изрази благодарност до колегите за дадената доверба и шанса. 

Можете да прочитате

ЈСП: Заверката на билетите за возрасни лица може да се направи во сите центри за персонализација

Поранешниот директорот на ,,Комунална хигиена” обвинет за загрозување на животната средина

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров” веќе носи пониски сметки