Утрински Весник
Македонија

МВР со кривична пријава против екс директорска на Центар за социјални работи Тетово

Mvr.webp.webp

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа „Центар за социјални работи“- Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“.

Во текот на 2024 година, првопријавениот изготвил и донел позитивни решенија за остварување на право на надомест заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, на име на петто и шестопријавената, за кои претходно не била извршена соодветна проверка, додека второпријавената како директор, потпишала и донела позитивно решение по истиот основ на име на седмопријавената.

Трето и четвртопријавените, кои ги воделе постапките за лицата, не извршиле непосреден увид во домаќинството на корисникот, додека петто, шесто и седмопријавената во постапката пред надлежен орган- ЈУМЦСР Тетово, поднеле барања со давање на лажен исказ дека истите ги исполнуваат условите за остварување на правото на надомест за попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, а приложиле и фалсификувана службена исправа-конзилијарно мислење, за што по извршените проверки констатирано е дека наведените лица воопшто немале закажан термин.

Можете да прочитате

Ристески на трилатералната конференција „Зајакнати – развој на политики за вклучување на лица со попреченост”

Со сослушување сведок и вешти лица продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во Капиново

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка