Утрински Весник
Македонија

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија

Pes v brisel 2.jpeg

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Почитувани граѓани,

Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување.

Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување.

Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.

Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор.  

СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.

Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии.

Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава.

Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.

Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија.

Да ја одбраниме Македонија. Да ја одбраниме демократијата!

Можете да прочитате

Снаата отиде да се пораѓа а го најде синми мртов вели Димитриев

Муцунски во работна посета на Брисел

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект